Невидена ситуција во Германија: Мини-автомобили предизвикаа бизарен прекин (ВИДЕО)

Германските навивачи во последните месеци често предизвикуваат прекини ширум фудбалските терени во земјата. Причината за протестите е потенцијалниот влез на странски инвеститори во тамошните клубови, што никако не им се допаѓа на најжестоките навивачи. 

Невиден начин за прекин најдоа навивачите на натпреварот меѓу Ханза Рошток и Хамбургер. Течеше 10. минута кога два мини-автомобили влетаа во теренот. На нив имаше закачено елементи кои направија димна завеса зад себе. 

Двајца редари тргнаа да ги отстранат автомобилите кои се обидоа и да побегнат, а иако не успеаја во тоа, навивачите ја испратија јасната порака и си ја исполнија целта.