• Горан Упале

Во фудбалот може да се видат жолти картони за неспортски старт, приговор кон судијата, симулирање на прекршок, шутирање на топката по судискиот свиреж, но многу ретко за изигрување на правилата.
Токму тоа се случи на натпреварот помеѓу ТСЦ и Раднички Крагуевац. Фудбалерот на гостите, Мехмед Ќосиќ, додека топката беше на земја, легна и со глава ја врати кон голманот. Главниот судијата Срѓан Јовановиќ тоа го протолкува како „измамување“ на правилата на фудбалската игра. Ќосиќ доби жолт картон, а домашниот тим доби индиректен удар.
Zanimljiva situacija u Bačkoj Topoli! pic.twitter.com/liQvV1DNwp
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) October 18, 2024
Еве што вели правилото кога фудбалерот добива жолт картон за неспортско однесување: Иницира намерен трик за додавање на топката до голманот со глава, гради, колено итн.
Инаку, на овој натпревар свој блесок имаше македонскиот напаѓач Лука Стојановски кој мрежата на домашниот тим ја затресе по само 85 секунди игра.