Невидена лудница во Шведска: 11 гола во второто полувреме, АИК се врати од 1-5, па загуби во 99. минута! (ВИДЕО)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати неверојатни 11 гола во второто полувреме. На крајот, гостите славеа со 5-6, откако домашниот тим се врати од негатива од четири гола, израмни во судиското надополнување, но сепак остана без бод.

Вистинската голеада започна по паузата. Бромапојкарна поведе во 48. минута, а иако АИК брзо израмни, гостите потоа постигнаа четири гола и во 70. минута имаа убедлива предност од 5-1. Се чинеше дека натпреварот е решен, но АИК најде сили да се врати во игра.

Домашните фудбалери започнаа неверојатен камбек, постигнувајќи три гола во завршните 20 минути од регуларниот дел. Кога часовникот покажуваше 90+8 минути, АИК успеа да израмни на 5-5 и да ја крене публиката на нозе.

Сепак, драмата имаше уште еден шокантен пресврт. Само една минута подоцна, во 99. минута, Бромапојкарна го постигна шестиот гол и ја однесе победата со 5-6, оставајќи ги домаќините во неверување.