ВИДЕО: Невидена лудница - 30.000 фанови на Галатасарај го пречекаа Фалкао!

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао од вечерва е нов фудбалер на турскиот шампион денеска Галатасарај. Поранешниот фудбалер на Порто, Атлетико Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед и Монако, како слободен фудбалер ја одбра својата нова средина.

Скоро 30.000 навивачи на Галатасарај го чекаа Фалкао на аеродромот. Ваква еуфорија фановите на „жолто-црвените“ не паметат од времето кога во Истанбул пристигна Дидие Дрогба. 

Фатих Терим се надева дека со Фалкао и Бабел, Галатасарај ќе игра значајна улога и во Лигата на шампионите. 

  • Пристигнувањето на Радамел Фалкао во Истанбул: