Невиден скандал во Црна Гора: Голманот на Будуќност нокаутира соиграч (ВИДЕО)

Екипите на Будуќност и Сутјеска ги поделија бодовите (2-2) во дербито на црногорското првенство, а по натпреварот во Подгорица беа видени навистина грди и скандалозни сцени.

Домашните фудбалери излегоа пред незадоволните навивачи, беа упатени остри зборови и навреди, но не заврши тука, бидејќи се случи невиден скандал. Голманот на Подгорица, Ѓорѓије Павличиќ видно револтиран, истрча кон својот соиграч Игор Ивановиќ и го нокаутира.

Фудбалот во Црна Гора е на многу ниско ниво. Лигата на оваа земја важи за една од најслабите во Европа и вакви големи скандали се случуваат често.