Невиден СКАНДАЛ во Белгија: Полиција започна истрага поради сомнеж за местење

Кортријк

Неколку дена по победата на Кортријк кај Мускрон, која му донесе значајни три бода за опстанок во лигата, полиција упадна во просториите на домашниот клуб и ги испитуваше фудбалерите и претседателот на екипата.

Победата за гостите стигна доста лесно, а вториот гол беше постигнат со смешен автогол на Владимир Ковачевиќ.

Оваа истрага започна по барање на Вестерло, кој заедно со Мускрон се бори за опстанок во белгиската прва лига.