Невиден скандал на Балканот: Фантомски гол ја крена лигата на нозе! (ВИДЕО)

Јединство и Дечиќ одиграа меч без победник (1-1) во 7. коло на црногорското првенство. Сепак, овој натпревар го одбележа неверојатен скандал кој го изведе судискиот тим на чело со Милош Савовиќ.

Судијата Савовиќ призна непостоечки гол. Чагас шутира со глава од десетина метри, голманот на домашните Аковиќ одбрани и при интервенцијата беше на околу 30 сантиметри пред гол-линијата.

Сепак, она што следеше беше целосен шок. На изненадување на сите, Савовиќ покажува кон центарот и признава гол кој не постои.

Фудбалерите негодуваа, но одлуката не се промени. На потег е Црногорската федерација по снимката која го обиколи регионот и секаде беше именувана како скандал.