• Редакција Gol.mk
Незапамптени сцени на паника, човечко стампедо, инциденти и апсења на хулигани во двете навивачки групи му претходеа на финалето на Копа Америка на „Хард рок“ во Мајами.
Натпреварот доцнеше повеќе од еден час, откако дојде до инциденти пред навивачите да влезат на стадионот, а потоа голем број луѓе се заглавија во човечкото „стампедо“ кое настана, откако полицијата ги затвори влезните врати.
Полицијата издаде соопштение во кое се вели дека инцидентите кои му претходеа на влезот во стадионот, ја принудила полицијата да не дозволи влез на хулигани и да ги затвори вратите. Со напомена дека имаат напомена за нетолеранција на насилството, американските полицајци ја префрлија топката и одговорноста кај двете навивачки групи.
Двете федерации, аргентинската и колумбиската реагираа по инцидентите, а аргентинските медиуми јавуваат дека во големата гужва биле и семејства на аргентинските репрезентативци.