ВИДЕО: НЕВИДЕН ЕВРОГОЛ на Салах, Челзи во нокдаун на „Енфилд“

Салах Челзи

Вториот дел од големото дерби на „Енфилд“ започна со водечки погодок на Ливерпул.

Стрелец на голот беше Садио Мане кој претходно промаши голема шанса за отворање на резултатот.

Сенегалецот овојпат немаше големи проблеми да ја смести топката зад грбот на Кепа со оглед на перфектниот центаршут на Џордан Хендерсон.

  • Погледнете го водечкиот погодок на Мане:

Неколку моменти подоцна, Мохамед Салах целосно го нокаутира Челзи и постигна еден од поубавите голови во тековната сезона во Премиер лигата.

Откако се ослободи од еден директен чувар, најдобриот голгетер на „црвените“ испрати вистински проектил кој предизвика eрупција кај домашните навивачи:

  • Погледнете го евроголот на Салах: