Неверојатно: Првиот гол на Пандев во калчото е од исто место како стотиот! (ВИДЕО)

Горан Пандев во дресот на Џенова дојде до бројката од 100 погодоци во Серија А, но дали сте го виделе неговиот прв погодок во калчото како фудбалер на Анкона?

Популарниот Гранде еднаш се запиша во листата на стрелците додека го носеше дресот на овој клуб. Во далечната 2003 година, Пандев играше на дуелот со Болоња и погоди. Верувале или не, првиот гол на Пандев падна од исто место како што падна и стотиот!

  • Првиот погодок на Пандев во Серија А во Анкона:

Доколку ги споредиме двата гола, Пандев ги постигна на идентичен начин. Од левата страна. Со иста нога. Само што за првиот шутираше горе, додека за стотиот по земја.

  • Стотиот гол на Пандев во Серија А во Џенова:

Горан Пандев, чие име засекогаш ќе остане запишано со златни букви во елитниот италијански фудбал, до „стотката“ одеше преку Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова. Најмногу голови постигна за Лацио (48), па потоа следат Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).