• Саше Љолес

Неверојатниот напаѓач на ПСЖ, Килиан Мбапе, повторно стигна до маестрален голгетерски учинок и досега сезонава запиша дури 39 голови во сите конкуренции.
Интересно е што до овој учинок дојде по одиграни 39 натпревари, што значи дека има просек од еден гол по натпревар (24 во Лига 1, шест во Лигата на шампионите, осум во Купот на Франција и еден во Суперкупот. На оваа бројка додаде уште пет асистенции во првенството, а до крајот на сезоната неговиот учниок може да се подобри уште повеќе.
Последниот погодок го постигна во полуфиналето од Купот против екипата на Рен и успеа му обезбеди на ПСЖ дваесетто јубилејно финале во најмасовното натпреварување. ПСЖ сѐ уште е во игра за сите три трофеи сезонава (Лига 1, Купот на Франција и Лигата на шампионите).