Неверојатниот Флориан Вирц е играч на сезоната во Бундеслигата

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, официјално е избран за најдобар играч во Бундеслигата за изминатата сезона, јавија германските медиуми. 

21-годишниот играч од средниот ред беше вистински предводник на „фармацевтите“ во блескавата сезона, ја освои првата историска титула за клубот, а воедно беше автор на 17 голови и дури 19 асистенции. 

Неговиот учинок е навистина неверојатен, а медиумите во Германија на големо шпекулираат дека тој наскоро би можел да замине во Реал Мадрид, кој пројавил огромен интерес за неговиот потпис. Не е познато дали Леверкузен ќе се согласи на брза продажба, но доколку тоа се случи, отштетата сигурно не би била пониска од 90 милиони евра. 

Вирц е германски репрезентативец од 2021 година, а досега за „панцерите“ одигра 16 натпревари и постигна еден гол.