ВИДЕО: Неверојатниот Даци со два гола режира луд пресврт на Вестерло!

Македонскиот фудбалер Ердон Даци игра во феноменална форма во Белгија и даде нови два гола во неговиот Вестерло.

Вестерло на домашен терен во меч со седум гола беше подобар од Мускрон (4-3) и тоа откако губеше со 0-2 по првото полувреме. Даци првиот гол го постигна во 58. минута за 2-2, потоа учествуваше при акцијата за третиот, па следеше втор гол, во 74. минута за 4-2.

  • Двата гола на Ердон Даци против Мускрон:

Даци во моментов е втор најдобар стрелец во белгискиот второлигашки шампионат со осум постигнати гола и важи за еден од најдобрите стралци во лигата. Во Вестерло тој се пресели од турски Коњаспор, претходно играше и за Вардар.