Неверојатни сцени во Техеран: Иранците „полудеа“ по Роналдо, навивачи влетаа и во хотелот (ВИДЕО)

Ал-Наср ќе му гостува на Персеполис во првото коло на азиската Лига на шампиони. Пресметката ќе се одигра на „Азади стадион“ во Техеран, а Кристијано Роналдо и соиграчите веќе пристигнаа во иранскиот град. 

Снимките од улиците на Техеран се неверојатни. Илјадници навивачи откако го здогледаа автобусот со одбележјата на Ал-Наср, тргнаа да трчаат по него извикувајќи го името на Роналдо. Љубителите на фудбалот беа во транс, прво го опколија, а потоа и трчаа по автобусот. 

Сепак, ситуацијата излезе од контрола кога Роналдо, Мане и соиграчите пристигнаа во хотелот. Бргу навивачите го пробија обезбедувањето и влегоа до рецепцијата. Илјадници фанови извикуваа „Роналдо, Роналдо“ во затворените предели на хотелот. 

Персеполис ќе го дочека Ал-Наср пред празни трибини, меѓутоа Роналдо нема лесно да се движи низ Техеран.