Неверојатната приказна за Жуниор Месиас, херојот на Милан на „Ванда Метрополитано“

Фудбалерите на Милан во завршницата го победија Атлетико Мадрид и останаа во игра за нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Херој на „росонерите“ беше бразилскиот интернационалец Жуниор Месиас. 30-годишникот ја искористија минутажата за да постигна победнички погодок со глава, кој ги растажи Диего Симеоне и неговите избраници.

Приказната на Бразилецот е неверојатна. Пред три години беше дел од италијанската четврта лига. Во минатото носеше фрижидери и други апарати за домаќинство како примарна работа и се натпреваруваше во аматерска фудбалска лига.

Сега е човекот кого го слават навивачите на Милан. На дебито на најголемата сцена во клупскиот фудбал, искусниот голгетер постигна значаен гол, кој би можел да ја спаси европската сезона на калчолигашот.

Италијанскиот клуб во последното коло ќе игра против Ливерпул, кој веќе се пласира во нокаут фазата, па нема да има резултатски притисок на оваа средба.