• Иван Димовски
Фламенго му се заблагодари на Филипе Луис и му врачи отказ. Ништо немаше да биде чудно, ако одлуката не беше соопштена веднаш по убедливата победа од 8-0 против Мадуреира во полуфиналето од Кариока шампионатот.
Иако Фламенго одигра доминантно, отказот бил однапред испланиран и подготвен пред мечот. Причината за таквиот исход се нарушените односи по серијата лоши резултати. Во претходниот период Фламенго загуби во Суперкупот на Бразил и во финалето на КОНМЕБОЛ Рекопа. Клубот се огласи со официјално соопштение.
„Фламенго информира дека Филипе Луис веќе не е тренер на првиот тим. Клубот му заблагодарува на поранешниот фудбалер и тренер Филип Луис за се што направи додека беше во Фламенго. Му посакуваме успех во професионалната кариера“.
Иронијата е уште поголема ако се земе предвид дека во 2025 година Луис имаше блескави резултати. Со Фламенго ја освои Копа Либертадорес, бразилското првенство и Купот на Бразил, со што влезе меѓу поуспешните тренери во поновата клупска историја.
Сепак, во Рио де Жанеиро очигледно нема простор за компромиси. Победа од 8-0 не беше доволна за да ја промени веќе донесената одлука.
