Неверојатна сензација во младинската ЛШ, тим од Естонија го елиминира Челзи!

Флора Талин приреди големо изненадување во второто коло од квалификациите за младинската Лига на шампионите, откако го елиминираше Челзи среде Лондон со вкупен резултат 5-4.

Естонскиот шампион, кој дебитира во ова натпреварување, славеше со 3-2 на реваншот, откако првиот дуел заврши 2-2. Иако Челзи важеше за голем фаворит, младите фудбалери на Флора покажаа карактер и приредија вистинска сензација.

Англичаните поведоа уште во втората минута преку Ебуе, но најголемиот талент на естонскиот фудбал, Сандер Аламас, израмни во 17. минута. Раба повторно му донесе предност на Челзи, но Куконин и Аламас од пенал во 78. минута направија целосен пресврт.

Челзи до крајот се обиде да се спаси со офанзивна игра и дополнителни измени, но Флора успеа да ја зачува предноста и да се пласира во следната рунда.