• Горан Упале
Се играше седмата минута од судиското надополнување на натпреварот помеѓу тимовите на Атланта Јунајтед и Торонто, а резултатот беше 1-1. Сите очекуваа крај на натпреварот и поделба на бодовите, но следуваше неверојатна грешка на гостинскиот голман.
Лука Гавран по една интервенција безбедно ја имаше топката во рацете. Гледаше напред кон соиграчите и очекуваше со исфрлувањето на топката дека судијата ќе досуди крај на средбата. Но, не забележа дека зад него цело време се прикрадува сенегалскиот напаѓач Џамал Тиаре.
Гавран ја спушти топката на теренот и Тиаре си ја заврши својата мисија – постигна гол за победа на својот тим од 2-1.