• Горан Упале
Екипата на Олимпик Марсеј одново го искористи киксот на ПСЖ и го презеде врвот на табелата во францускиот шампионат. На затворањето на денот во Лига 1 тимот од „Велодром“ го декласира Авр со 6-2, а свој танц пред преполните трибини во Марсеј имаше англискиот ас Мејсон Гринвуд.
24-годишниот напаѓач, кој од „Олд Трафорд“ беше избркан поради скандалот со својата девојка, која што го тужеше за физички напад, вечерва го одигра најдобриот натпревар во дресот на францускиот великан и гостинската мрежа ја затресе ЧЕТИРИ пати.
Откако гостите поведоа со голот на Кеита во 24. минута на големата сцена се појави англискиот голгетер и дванаесет минути подоцна со првиот погодок ја започна неверојатната вечер. Во второто полувреме за само девет минути уште трипати ја затресе противничката мрежа, а до крајот на натпреварот за Олимпик Марсеј стрелаа уште Ваз и Муриљо. Вториот гол за гостите го постигна Туре.
Денес се одиграа уште два натпревари, на кој Лион, иако имаше 29 удари кон противничкиот гол, загуби на гостувањето кај Ница (3-2), додека Монако и Анже го поделија пленот (1-1).









