• Иван Димовски

Екипата на Бенфика претрпе пораз на домашниот натпревар со Салцбург (0-2) на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите. Веројатно пресуден момент беше црвениот картон на младиот Антонио Силва, кој направи неверојатна глупост.
Имено, откако Салцбург не реализира еден пенал во третата минута, 19-годишникот се погрижи гостите да добијат поправна шанса. По една акција, Австријците по малку среќно беа пред постигнат гол, топката одеше кон мрежата, ама тогаш Силва дотрча и не успеа во скок, а потоа со рака ја исфрли топката.
- Глупоста на на Антонио Силва против Салцбург:
Тоа беше огромна глупост, бидејќи за ситуацијата Силва доби црвен картон, Салцбург пенал и Шимиќ го реализира за предност од 0-1. Така, глупоста на Силва беше бадијала и неговиот тим само остана со десетмина.
Оваа ситуација потсети на случувањата од Мундијалот во 2010 година, кога Луис Суарез со рака спречи гол на Гана, ама тогаш ривалот не го реализира пеналот и Уругвајците барем профитираа.