• Горан Упале
По поразот од Црвена Звезда во Лигата на шампионите и ремито со Вердер Бремен во претходното коло од Бундеслигата, фудбалерите на Штутгарт беа на работ на ново разочарување, но со спектакуларен кам-бек и три гола за само осумнаесет минути успеаја да слават над Унион Берлин во првиот натпревар од 13. коло во германската фудбалска елита (3-2).
- Извештај од натпреварот:
На „швабите“ им требаа дури педесет минути да се разбудат и да заиграат како што посакуваше домашната публика. Дотогаш гостинот од Берлин ги искористи своите шанси и преку Доехи и Сков поведе со 0-2.
Но, на сцена стапи Ник Волтмејд, кој само што влезе во игра блесна со два постигнати гола. Првиот го постигна во 51. минута за 1-2, а осум минути подоцна стрелаше за израмнување на 2-2. Пресвртот на домашната екипа го комплетира Каразор во 69. минута.
Со оваа победа Штутгарт скокна на шестата позиција на табелата, но дали ќе остане таму ќе зависи од утрешните резултатите на Фрајбург, Мајнц 05 и Волфсбург.