• Мартин Танасковски
Необичен и драматичен момент ја одбележа пресметката помеѓу Лил и Рома, во која францускиот тим славеше со минимални 1-0. Најголема тема по мечот беше пенал-серијата на гостите, кои дури трипати не успеаја да ја затресат мрежата на голманот Чакар Езер.
Сѐ започна кога Артем Довбик ја доби шансата од белата точка, но неговиот удар беше одбранет од турскиот голман. Судијата нареди повторување поради прерано влегување на играчи во шеснаесетникот. Вториот обид, повторно на Довбик, заврши идентично – Езер уште еднаш беше победник во дуелот.
INCREDIBLE SCENES!
In the game between AS Roma and LOSC Lille for the Europa League, a penalty had to be retaken THREE times.
LOSC Lille’s goalkeeper, Berke Özer, SAVED all three attempts!
@tekkersfoot pic.twitter.com/xak8tmUstD
— Polymarket FC (@PolymarketFC) October 2, 2025
И по второто промашување, судијата повторно регистрираше неправилност и реши пеналот да се изведе третпат. Овој пат одговорноста ја презеде Матијас Суле, но исходот не се промени – голманот на Лил и третиот пат беше непремостлива пречка.
- Извештај од натпреварот:
Со три одбрани при изведувањето на пенал во еден натпревар, Чакар Езер стана апсолутен херој на францускиот тим, а мечот ќе остане запаметен како ретка ситуација во европскиот фудбал каде еден тим промашил три пати од белата точка во исто полувреме.








