• Горан Упале
Екипите на Интер и Пиза одиграа неверојатен натпревар во Серија А, откако на „Џузепе Меаца“ гостите први постигнаа два гола, а потоа беа потопени, односно Интер славеше со убедливи 6-2.
- Извештај од натпреварот:
Стефано Морео со два гола за дванаесет минути донесе водство за Пиза од 0-2 и многу проблеми за фаворизираниот домаќин. Но, Интер одново покажа карактер на голема екипа и трпеливо ја чекаше својата шанса, а кога ја дочека, следуваа три гола за само осум минути.
Во 39. минута гостинската мрежа прв ја затресе Зиелински за 1-2, а веќе во следниот напад Лаутаро израмни на 2-2. Во втората минута од судиското надополнување Пио Еспозито го комплетираше лудиот финиш и донесе прво водство за Интер.
Во вториот дел „нероазурите“ постигнаа уште три гола. На 4-2 зголеми Димарко, потоа во листата на стрелците се запиша и Бони, додека конечните 6-2 ги постави Михтаријан.








