• Саше Љолес

Екипите на Беласица и Детонит Плачковица ги поделија бодовите во натпреварот од третото коло на Втората македонска фудбалска лига, откако ремизираа со конечен резултат 1-1 (1-0).
Домашната екипа поведе со неверојатниот и ретко виден автогол на Тино Спасиќ, кој сакаше да исфрли, но несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа. Беласица имаше водство од 25. минута и го задржа истиот резлтат до паузата меѓу двете полувремиња.
Детонит не се предаваше и покрај минималната негатива, одигра солидно во второто полувреме, прикажувајќи желба барем за израмнување. Гостинскиот тим успеа да дојде до реми со голот на Филип Димовски, кој прецизно реализираше пенал во 66. минута.
Беласица сега има седум бода, исто колку и градскиот ривал, Брера Струмица, а екипата на Детонит Плачковица стигна до четвртиот бод во новата сезона.
Следното коло ни носи дуел на Беласица со Кожув на гости, а Детонит на домашен терен го очекува Осогово.




