ВИДЕО: Неубедливата Венецуела едвај до победа против Јамајка која долго време играше со играч помалку

Третиот ден од 45. издание на Копа Америка во фудбал, започна со неубедлива победа на Венецуела против Јамајка со 1-0 (1-0) со голот на фудбалерот на Торино, Јозеф Мартинез во 15. минута од натпреварот.

Во Чикаго во натпревар за заборав, одлучувачки беа моментите меѓу 15. и 23. минута, кога Венецуела го постигна водечкиот гол и Јамајка на Вини Шефер остана со човек помалку заради исклучувањето на Остин од главниот судија Кариљо од Колумбија. За Јамајка скоро половина час настапи капитенот на Лестер Сити, Вес Морган, кој заради умор не доби шанса од првата минута. 

Ноќва во вториот меч од В групата играат Мексико и Уругвај, две репрезентации со нескриени амбиции на јубилејниот турнир на Копа Америка.