• Саше Љолес
Фудбалерот на Челзи, Педро Нето, изјави дека му се извинил на момчето кое собираше топки на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите. За време на дуелот во Париз, Нето во обид да ја добие топката го турна момчето кое падна, но за среќа, не се повреди.
Нето објаснил дека тоа било случајно и дека воопшто не е таков човек. Тренерот на Челси, Лиам Росениор, исто така изразил извинување во името на клубот, признавајќи дека емоциите на теренот понекогаш тешко се контролираат.
„Не сум таков човек, немав никаква намера. Му се извинив на момчето можеби 35 пати. Младиот човек имаше разбирање и веднаш ми прости. Ќе се трудам во иднина да не ја повторувам оваа постапка“, рече Нето.
Инцидентот не беше санкциониран од страна на судијата, но предизвика реакции од играчите и најголем дел од навивачите на ПСЖ.







