• Саше Љолес
Младиот српски фудбалер Василије Костов од Црвена Звезда е прогласен за најдобар млад среден играч во светот - во неговата возрасна категорија до 18 години. Ова признание е доказ за неговиот талент, посветеност и извонредната игра која веќе го издвојува од своите врсници.
Костов во последните месеци забележа извонредни настапи во првиот тим на Црвена Звезда, покажувајќи зрелост и квалитет за игра на највисоко ниво. Неговата способност да креира шанси, прецизно да додава и да го контролира темпото на играта го прави еден од најперспективните млади фудбалери во светот.
Овој успех е и потврда за квалитетот на младинската школа на Црвена Звезда, која продолжува да произведува таленти способни за големи успеси на европската и светската сцена. Продолжувањето на договорот на Костов до 2028 година е јасен сигнал дека клубот верува во неговиот развој и иднина.
Василије Костов веќе го остави својот печат во европските натпреварувања како најмлад голгетер на клубот, а сега светската фудбалска јавност го препознава неговиот потенцијал.
Костов има македонско потекло, но веќе настапи за сениорскиот тим на Србија, на квалификацискиот натпревар со Албанија, што автоматски значи дека нема да заигра за нашата репрезентација.


