Несторовски: За нашето издание добив честитки дури и од Словенците

Репрезентацијата на Македонија впиша нови бодови во квалификациите за ЕП 2020 и на домашен терен ја совлада Словенија, а по натпреварот, Илија Несторовски изјави дека ова е одличен резултат за нашиот национален тим и дека шансите за континенталниот собир преку квалификациите се уште се отворени.

„Ние од почетокот на квалификациите бевме убедени дека имаме една група преку која имаме шанси да играме на ЕП 2020. Покажавме дека имаме квалитетна репрезентација, сме на третото место, историско мислам, дека Македонија никогаш не завршила трета. Ние нема да застанеме тука, се надевам дека ќе освоиме доволен број на бодови и да се пласираме на ЕП и да не чекаме од Лигата на нациите. Мислам дека не може да играме подобро од ова. Од првата минута знаевме што сакаме, знаевме да нападнеме и да се браниме. Добив честитки и од мојот соиграч од Палермо кој играше за Словенија, кој кажа дека сме доминантни“, изјави Несторовски.

Следен меч за Македонија ќе биде за три дена, кога гостува во Варшава кај Полска.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0