ВИДЕО: Несторовски уште се бори како лав – погледнете го новиот гол во ХНЛ!

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски и на 36 години го игра фудбалот со истата жар како и претходно. Центарфорот постигна нов гол за Славен Белупо во ХНЛ-лигата во новата победа.

Славен со нов тренер ја победи Локомотива Загреб со 2-0, а Несторовски ја потврди победата. Напаѓачот успеа да реализира по еден изведен корнер, откако одлично се избори со ривалот за да дојде до топката и со глава ја закова во мрежата на противникот.

За Илија Несторовски, ова е трети гол во актуелната сезона во најдобрата хрватска лига.