Несторовски стрелец во првата победа на Славен Белупо

Илија Несторовски постигна гол во победата на Славен Белупо над Горица со 2-0, со која тимот од Копривница конечно стигна до првиот триумф во новата сезона на ХНЛ.

Македонскиот напаѓач ја затресе мрежата во 21. минута, само три минути откако Јосип Митровиќ го отвори резултатот. Несторовски одлично ја искористи укажаната шанса и ја зголеми предноста на домаќините.

Славен Белупо до крајот ја сочува предноста и стигна до важни три бода, додека Горица по четири кола останува без освоен бод.