• Зоран Мишевски
Долгата приказна на Илија Несторовски и италијанскиот фудбал продолжува и во следните две сезони.
33-годишниот голгетер има нов клуб. Прилепчанецот потпиша договор со второлигашот Асколи. Несторовски реагираше најбрзо што може откатко се раздели со Удинезе и сега две години ќе го носи дресот на Асколи.
Овој клуб за неговиот потпис ја доби битката со Венеција, а клубот веќе ја имаше и неговата официјална промоција. Пред полн стадион македонскиот голгетер беше поздравен и фановите му дадоа до знаење дека очекуваат многу голови од него.
Центарфорот доаѓа од Удинезе, каде играше од 2019 година. Претходно во Италија играше уште и за Палермо. Несторовски во кариерата беше дел и од Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.