ВИДЕО: Несторовски со супер-гол го отвори Леко, нова победа за „црно-белите“ од Асколи

Повремениот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, го постигна својот втор гол во дресот на Асколи и му помогна на својот тим да извојува важна победа на гостувањето кај Леко

Прилепчанецот го најде патот до мрежата во 35. минута и ја најави победата на Асколи, а точка на триумфот стави Кваранта во 55. минута од мечот. Гостите ја заверија победата со конечни 0-2 и сега се на 12. позиција на табелата, со дванаесет освоени бодови. 

  • Голот на Илија Несторовски против Леко:

Ова е втор гол за Илија Несторовски, откако претходно стрелаше на натпреварот против Сампдорија

Состави

Alfredo Aglietti

3-5-2

    Fabrizio Castori

    4-3-3