ВИДЕО: Несторовски со гол донесе важна победа за Славен!

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски беше човек на одлука и му донесе три бода на Славен Белупо во пресметката со Истра (1-0).

Несторовски во 64. минута доби одлична топка во казнениот простор, по што без проблеми ја испрати топката во мрежата на гостинскиот тим.

Славен со оваа победа се искачи на третата позиција во ХНЛ-лигата и најави борба за позициите кои водат во Конференциската лига.