• Горан Упале
Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски одигра уште една одлична партија во дресот на Славен Белупо и имаше клучна улога во победата над Вараждин со 1-3 во натпревар од 11. коло од хрватското првенство.
- Извештај од натпреварот:
Искусниот напаѓач забележа две асистенции, првата во 24. минута кога во празно го проигра Шуто, кој потоа со сигурна реализација донесе водство за Славен Белупо од 1-0. Мамиќ во 35. минута намали на 2-1, враќајќи ги надежите на Вараждин, но Несторовски со уште една асистенција во 58. минута, овој пат до Јагушиќ, ги постави конечните 3-1.
Покрај Несторовски, на овој натпревар настапија уште двајца македонски фудбалери - Леонард Жута за Славен Белупо и Ване Јованов за Вараждин. Славен Белупо е на четвртото место со 16 бода, еден повеќе од Вараждин, а Несторовски досега во лигата запиша еден гол и три асистенции.





