ВИДЕО: Несторовски со деби-гол за Асколи против Сампдорија

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го постигна првиот гол за Асколи во Серија Б, на натпреварот против некогашниот калчолигаш Сампдорија (1-1).

Центарфорот погоди пред самиот крај на првиот дел, кога најдобро се снајде во казнениот простор со глава по едно нафрлување на Фаласко. Сепак, до крајот на натпреварот гостите дојдоа до бод благодарение на голот на Борини од пенал.

Илија Несторовски не се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за квалификацискиот меч со Украина и контролниот дуел со Ерменија.

Состави

Fabrizio Castori

4-3-3

    Андреа Пирло

    4-4-2