• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Илија Несторовски ќе се најде во тимот на Славен Белупо на следниот меч од хрватскиот шампионат.
Искусниот напаѓач го пропушти стартот заради повреда. Но во изминатите денови се врати со екипата и ќе биде достапен за дербито со Вараждин во ХНЛ.
Дуелот меѓу Славен Белупо и Вараждин се игра во недела од 18:45 часот, а се очекуваа Несторовски да биде од голема важност за домаќините.
Славен Белупо ја отвори сезоната во Хрватска со пораз од Ријека (0-2), со два примени гола во екстра-времето во 93. и 96. минута.





