Несторовски се враќа во ХНЛ-лигата, потпишува за Славен Белупо

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски е во Копривница каде треба да стави потпис на договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо.

Центарфорот подолго време беше слободен по разделбата со Асколи и конечно наоѓа нов ангажман. Медиумите од Хрватска велат дека Несторовски е веќе во градот каде треба наскоро да стави потпис на договор со Славен со кого го чека битка за опстанок.

34-годишниот Несторовски во Асколи дојде пред стартот на минатата сезона од редовите на Удинезе во чии редови му истече договорот. Иако имаше договор до 2025 година, Македонецот си замина од екипата затоа што во договорот има клаузула дека може да бара нова екипа ако Асколи испадне.

Во последната сезона напаѓачот настапи на 20 натпревари за Асколи, а зад своето име запиша два гола. Покрај за Удинезе и Асколи, во Италија тој играше и за Палермо, додека во Хрватска беше дел од Интер Запрешиќ.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.