ВИДЕО: Несторовски само гледач во минималецот на Удинезе кај Специја

Де Паул

Удинезе на Илија Несторовски го доби директниот дуел со Специја (0-1) во борбата за опстанок во Серија А. Македонскиот репрезентативец го проследи мечот од клупата за резерви.

Домашните фудбалери имаа свои шанси, на крај играа против екипа со играч помалку, но не успеаја да спречат нов пораз. Пеналот на Де Пoл на стартот од вториот дел беше одлучувачки на оваа средба.

  • Извештај од натпреварот: 

Стрелецот на единствениот гол заработи исклучување во завршницата, добивајќи два жолти картони во период од само пет минути. Шанса за тимот од Удине добија новите засилувања Делофеу и Љоренте, кои се појавија на терен пред нашиот напаѓач. На крај и Сапонара заработи црвен картон и ги израмни силите на теренот. 

Удинезе стави крај на лошата серија и по пауза од девет натпревари победи во домашното првенство. Специја стигна до двоцифрен број порази во тековната сезона и остана блиску до опасната зона.