Несторовски: Само 180 минути нѐ делат од слава и „круна“ на одличната сезона

Несторовски Илија

Вечерва се игра првиот натпревар од плеј-офот во италијанска Серија Б кој ќе го даде последниот учесник во Серија А наредната сезона.

За тоа место се борат Палермо, за кој настапуваат Илија Несторовски и Александар Трајковски, и Фросиноне, кој имаше проблеми во претходното коло да ја елиминира Цидатела.

Несторовски се надева дека ќе добие шанса на вечерашниот натпревар, а колку е мотивиран зборува неговата последна објава на Фејсбук:

„Па, цела сезона полна со жртва, постојани борби, радости и тажни моменти, сега не делат 180 минути до слава, 180 минути за да се круниса одличната сезона, 180 минути за да се одбрани честа на овој град, кој ќе биде со нас до крајот на мечот. Мора да оставиме се на терен и истото да го направиме со гордост“.

Првиот меч вечерва Палермо го игра на домашен терен со почеток од 20.30 часот.