ВИДЕО: Несторовски промаши пенал, Палермо ремизираше со Венеција

Фудбалерите на Палермо во рамките на 28. коло на гостински терен ремизираа против Венеција со 1-1 и останаа на второто место во Серија Б, со четири бода заостанување и натпревар помалку зад Бреша.

Во стартниот тим на Палермо беа Илија Несторовски и Александар Трајковски, а токму Несторовски е трагичар на мечот, бидејќи во 71. минута не успеа да реализира пенал. 

Промашениот пенал на Илија Несторовски против Венециja:

Домаќините во водство дојдоа по голот на Рикардо Бокалон во 30. минута, а конечните 1-1 ги постави Џорџ Пушкаш во 84. минута. Несторовски го одигра целиот натпревар, а Трајковски во 77. минута беше заменет од Морео.

Извештај од натпреварот: 

Во следното коло Палермо на домашен терен ќе игра против Карпи, по што Трајковски и Несторовски ќе се приклучат на репрезентативните обврски.