Несторовски пред Миколи, Дибала, Иличиќ како нај-стрелец на деценијата во Палермо

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски сигурно ќе ја памети 2019 година. Една од причините е трансферот во Удинезе и враќањето во Серија А, а другата распадот на големиот Палермо. Прилепчанецот е најдобриот голгетер кој италијански Палермо го имал во последната деценија.

Несторовски во статистичките прикази ги победи Миколи Дибала, Иличиќ, Хернандез, Кавани. Несторовски постигна 39 гола, зад него следи Миколи со 37, па Абел Хернандез со 29, Јосип Иличич со 25 и Пауло Дибала со 22 гола. Александар Трајковски запиша 20 гола за Сицилијанците.

Трајковски е стрелец на последниот гол за Палермо на „Ренцо Барбера“, откако погоди против Цитадела пред клубот да банкротира.