• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски беше стрелец во ремито на Славен Белупо против екипата на Шибеник (2-2) во рамките на 11. коло на ХНЛ.
Прилепчанецот погоди по половина час игра за израмнување (1-1). Црепуља нафрли од слободен удар, а Несторовски како во најдобрите денови добро се снајде на пеналтикот и со глава ја испрати топката во мрежата.
Ова е втор првенствен гол во шестиот натпревар за Славен Белупо на Несторовски. Исто така поранешниот македонски репрезентативец погоди и во Купот.