Несторовски полека влегува во тренажен процес, на терените се враќа во декември

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, сè уште заздравува од незгодната повреда, со која што се здоби во финишот од минатата сезона и поради која не можеше да ѝ помогне на својата селекција на деби-настапот на Европските првенства.

Искусниот напаѓач уште пред два месеци им се врати на тренинзите на својот Удинезе, но во поголемиот дел работеше под посебна програма на лекарскиот тим на калчолигашот. 

Тој сè уште не запишал минути во новата сезона на Серија А, а последните информации од „чизмата“ велат дека сите проблеми со повредата Несторовски ќе ги остави зад себе за нешто повеќе од еден месец, за кога и се очекува одново да биде ростерот на својот тим.

31-годишниот напаѓач својот последен натпревар го одигра во април, а доколку нема некои нови неочекувани проблеми на терените би се вратил на почетокот на декември, кога Удинезе треба да се сретне со Лацио, Емполи и Удинезе.