ВИДЕО: Несторовски погоди и против Верона, Македонецот во страшна гол-серија!

Илија Несторовски продолжува со своите добри игри во дресот на Палермо, а тоа на свој грб го почуствува и тимот на Верона.

По 0-0 на полувреме, во дуелот во рамките на 32. коло од Серија Б, македонскиот репрезентативец на стартот на вториот дел уште еднаш ги потврди своите голгетерски квалитети, ја искористи асистенцијата од Стефано Морео и донесе предност за својот тим.

  • Голот на Несторовски против Верона:

  • Извештај од натпреварот:

За Несторовски денешниот погодок е негов 11-ти оваа сезона, по кој се искачи на делба на седмото место на листата на стрелците.