ВИДЕО: Несторовски погоди, асистираше, па се повреди, гол и за Трајковски

Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски ја завршија сезоната во Серија Б со стил, затоа што се стрелци на натпреварот против Читадела (2-2) во рамки на последното коло од второлигашката конкуренција.

Во 21. минута, резултатот го отвори Илија Несторовски, кој со глава погоди по асистенција на Мацота, додека две минути подоцна, прилепчанецот беше во улога на асистент, кога проработе „македонската врска“, затоа што Нестор асистираше, а во мрежата на противникот погоди Александар Трајковски, откако избегна офсајд-замка, па стрелаше за 2-0.

  • Извештај од натпреварот: 

Лоша вест е што Илија Несторовски се повреди, а тежината на повредата се уште не е позната и се чекаат лекарските прегледи. Палермо ќе се бори за влез во Серија А преку плеј-офот, затоа што заврши на третото место во Серија Б. 

Директна промоција во Серија А обезбедија Бреша и Лече.