• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски продолжи во солиден ритам во Хрватската прва лига и стрела за својот Славен Белупо на гостувањето кај Истра 1961 во рамките на 32. коло.
Прилепчанецот го постигна израмнувачкиот гол за Славен во 29. минута од натпреварот. Добра акција се одвиваше по десната страна, топката стигна до Гргиќ кој ја одложи за Несторовски, а Македонецот со многу чувство ја прими и потоа пласира во спротивниот агол за 1-1.
Ова беше седми сезонски погодок за Илија Несторовски во ХНЛ, а има еден и во Купот на Хрватска. Инаку, ветеранот даде гол и на претходниот настап за Славен против Локомотива.