• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го постигна петтиот погодок оваа сезона во Хрватската прва лига. Славен Белупо на гостувањето кај Горица триумфираше со 0-3, а прилепчанецот освен погодокот имаше и асистенција.
Несторовски го асистира првиот гол на својот тим кој го даде Божиќ во 48. минута од првиот дел. Во вториот дел пред финишот на средбата Македонецот одново покажа дека има гол-инстинкт. Акцијата се одвиваше по левата страна и Лучиќ нафрли, а Каимацов ја спушти топката на околу 17-18 метри. На неа налета Несторовски кој со одмерен удар ја смести во мрежата.
Ова е петти сезонски гол за Илија Несторовски, откако претходно погодуваше против Вараждин, двапати во два различни меча против Шибеник и против првакот Динамо Загреб.
ФОТО/PHOTO: Cropix / Goran Mehkek