Несторовски не е на продажба, но Палермо би го продал само заради една причина

Илија Несторовски, еден од најдобрите македонски фудбалери во овој момент, и во втората сезона во Италија бележи фантастични игри и повторно е меѓу најдобрите фудбалери на Палермо

27-годишниот голгетер ова  лето дури ја доби капитенската трака на сицилијанскиот тим, кој оваа сезона се натпреварува во Серија Б, но како што стојат работите на табелата многу веројатно од идната повторно ќе биде дел од елитата на италијанскиот фудбал. 

Заради одличните игри Несторовски повторно е поврзуван со заминување од Сицилија оваа зима, а како главен кандидат се споменува некогашниот гигант, Торино

Сепак, како што пишуваат локалните медиуми во Палермо, раководството на клубот не сака да слушне за заминување на нашиот фудбалер, но би се откажал од неговите услуги само доколку пристигне некоја понуда, која никако не може да се одбие. 

Палермо, првиот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата во Серија Б, а капитенот на тимот Несторовски на 10 натпревари постигна 14 гола.