ВИДЕО: Несторовски мајсторски асистира за победа на Удинезе над Монца!

Екипата на Удинезе забележа важна победа во Серија А и на отворањето на третата рунда го совлада новајлијата Монца (1-2).

„Зебрите“ дојдоа до победа со гол во 78. минута кој го постигна Удоџи, а му претходеше мајсторска асистенција на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој подели одлична топка.

  • Извештај од натпреварот:

Претходно, двата гола паднаа во првото полувреме. Колпани во 32. минута донесе предност за Монца, додека за гостинот од Удине изедначи Бето во 36. минута од натпреварот.

За Илија Несторовски ова беше прва асистенција или гол во новата сезона во калчото, по одличните подготовки каде редовно ги тресеше мрежите на ривалите.

Состави

Рафаеле Паладино

3-5-2

    Andrea Sottil

    3-5-2