Несторовски ќе работи со Пирло, прв пик е на Сампдорија

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски си замина од Асколи, но повторно може да остане во Серија Б затоа што за него има интерес од Сампдорија.

Асколи испадна во Серија Ц, па така 34-годишниот Несторовски ја активира опцијата да си замине поради испаѓањето. Во моментов е слободен агент, а најсериозна опција за негов трансфер е Сампдорија во чии редови тренер е Андреа Пирло.

Клубот сака да го донесе Несторовски и напаѓачот е прв пик. И претходно низ кариерата на прилепчанецот се поврзуваше со овој клуб, но не дојде до реализација.

Оваа сезона напаѓачот настапи на 20 натпревари за Асколи, а зад своето име запиша два гола. Покрај за Удинезе и Асколи, во Италија тој играше и за Палермо.